Достапни линкови

logo-print

Њујорк: Средба за решавање на блиско-источната криза


Рускиот министер за надворешни работи Игор Иванов денеска заминува за Њујорк каде што ќе учествува на третиот состанок на меѓународните посредници за решавање на блиско-источната криза. На средбата на која ќе учествуваат и американскиот државен секретар Колин Пауел, претседавачот на Европската Унија Пер Стиг Мелер, евро-комесарот Хавиер Солана и генералниот секретар на Обединетите нации Кофи Анан, ќе бидат разгледани конкретни мерки за обновување на политичкиот процес.
XS
SM
MD
LG