Достапни линкови

Во 21 земја, закани и притисоци врз новинарите


Меѓународната новинарска организација Репортери без граници објавија листа на држави во кои новинарите се изложени на тортури, а виновниците остануваат неказнети. Во листата, меѓу другите, се вброени Русија, Ирак, Иран, Таџикистан, Украина и Косово.

Во извештајот на Репортери без граници се наведува дека во 21-на држава во светот криминалците и владините агенти, без никакви последици, им се закнуваат, ги малтретираат или убиваат новинарите. Портпаролот Жан Кристоф Менет вели дека со притисок врз тие држави состојбите можат да се подобрат.

Ние протестираме против државите кои не ја штитат слободата на печатот. Исто така кога не се водат сериозни истраги за случаите кога се убиени новинари, организираме мрежи на адвокати во повеќе држави кои треба да се погрижат истрагата да успее.

Во минатата година во Русија се убиени 5-мина новинари, а еден се води како изчезнат. Новинарската организација смета дека руските власти не ги презеле сите неопходни мерки за расветлување на овие случаи. За сличните случаи во Украина, пак, се смета дека украинското министерство за внатрешни работи директно ја спречува истрагата. На црната листа се најде и Косово каде што, според оценката на Репортери без граници, УНМИК не вложува доволно напори за обезбедување слобода на медиумите. Портпаролот на УНМИК Сузан Мануел, коментира:

Прво, проблемот е што на Косово има криминал, кој не ги заобиколува и новинарите. УНМИК во соработка со ОБСЕ настојува да обезбеди подобра заштита за новинарите, а во тој правец да го подобри и косовскиот правен систем.

Сепак, Мануел додава дека Косово не е добро место за новинарите, бидејки заканите продолжуваат, а се заплашуваат и судиите и сведоците. Тоа е проблем и во случаите на останатиот криминал на Косово, додава Мануел. Во врска со Србија, Репортери без граници оценуваат дека состојбата е подобрена, особено откако Владата почна да соработува со Хашкиот трибунал за воени злосторства. Србија е ставена во групата со Грузија и Турција каде што и натаму има загрозување на слободата на новинарите, но се видливи чекорите за сузбивање на оваа појава.
XS
SM
MD
LG