Достапни линкови

САД ќе се фокусираат на економијата


Паралелно со проценките на Европската Унија за потребата од продолжено меѓународно присуство во Македонија администрацијата во Вашингтон со став:

Мандатот на специјалниот советник за Југоисточна Европа Џејмс Холмс заврши. Тоа се должи на напредокот на земјата во имплементацијата на Рамковниот договор во која амбасадорот Холмс беше активно вклучен. Но, политиката на Соединетите Американски Држави кон Македонија останува непроменета. Фактот што мандатот на специјалниот американски пратеник заврши не значи намалување на интересот на САД за Балканот или за идниот развој на Македонија, напротив:

„Тоа го покажува нашето уверување дека состојбата во регионов е стабилизирана до степен што овозможува таа да се третира како што се третираат и нормалните односи со земјите во светот,“ – вели претставникот за односи со јавноста на американската амбасада во Македонија Мишел Рибелинг.

Истовремено американската стопанска комора во одбраната на имиџот на земјава во светот упати демант до информативната куќа Си Ен Ен во кој бара да се повлече репортажата на таа телевизијска кјуќа во која е направена споредба меѓу Македонија и Грузија како две земји во кои странските инвеститори се соочуваат со закани по сопствената безбедност. Во писмото на американската комора во Скопје се вели дека оваа институција со сигурност може да потврди оти за разлика од Грузија во Македонија досега немало никави пријавени или непријавени случаи на киднапирање на странски инвеститори и дека дури и за време на минатогодишните конфликти странските инвеститори не биле директно загрозени.

И додека Вашингтон своето присуство во Македонија го фокусира врз економската димензија, Брисел веќе го продолжи мандатот на специјалниот европски претставник во Македонија.

„Позицијата на господин Лероа е потврдена до октомври, а министрите донесоа одлука функцијата на специјалниот претставник да биде продолжена до јуни 2002-та,“ изјави претставничката на Хавиер Солана, Кристина Галах.
XS
SM
MD
LG