Достапни линкови

logo-print

Завршување на процесот на мирна реинтеграција


Од утре полицијата непречено, без временски ограничувања патролира и во Танушевци, последното од 140-те села од кризните региони. Со тоа седум месечното спроведување на планот за постапно враќање на безбедносните сили во кризните региони завршува и се отвора патот за нова фаза или нова методологија за активностите на полицијата. Таа е изготвена и во основа дава можност полицијата целосно да може да ги реализира своите овластувања и во селата што до скоро беа надвор оддржавната контрола.

„Тоа значи униформата на полицијата не мора да биде само сина, во однос на опремувањето на полицијата тие веќе ќе имаат и панцири, ќе имаат и заштитна опрема. Во однос на воружувањето, тое веќе нема да бидат само со личното вооружување, тие веќе може да бидат опремени и со дополнително потребно вооружување. Во однос на бројот на полицијата што ќе биде во зависност од потребите и целта на акцијата што треба да биде реализирана,“ - изјави полицискиот генерал Александар Дончев.

Оваа методологија е веќе презентирана пред меѓународните мисии на состанокот кај претседателот и за неа шефот на ОБСЕ амбасадорот Крег Џенес рече:

„Полицијата и МВР имаат планови да ја подобрат работата во овие регини, поблиску да соработуваат со локалното население и да ја зајакнат безбедноста што ние апсолутно го поддржуваме.“

Како израз на нормализирањето на ситуацијата и најава за обновување на железничкиот сообраќај на релација Куманово - Скопје - Кичево прекинат за време на минатогодишните конфликти.

„Со ова сакаме да го означиме завршувањето на процесот за мирна реинтеграција и враќањето на довербата во кризниот регион во државата. Процесот на мирната реинтеграција од овој миг го објавувам како завршен,“ - изјави министерот за внатрешни Љубе Бошковски.
XS
SM
MD
LG