Достапни линкови

Деловникот договорен, пасошот оставен за следниот состав


Со потписи на четворицата лидери постигната е согласност за текстот на собранискиот деловник според кој само пратениците Албанци ќе може да се обраќаат на својот мајчин јазик, а тоа нема да им биде овозможено на министрите Албанци. Законот за пасош ќе остане обврска за наредниот состав на собранието.

Со ова се деблокира постапката за формирање на ДИК бидејќи предлагањето на партиските членови за овој изборен орган ДПА ги условуваше токму со овие две прашања.

„Синоќа се договоривме, деловникот уште денеска да се најде на Собрание и да помине. Тој договор го потпишавме, а ние како ДПА издејствувавме меѓународна поддршка и гаранции за словенечкиот модел за пасошот без оглед на тоа дали законот ќе се донесе пред изборите или потоа,“ - изјави потпретседателот на ДПА Мендух Тачи.

Ставот на меѓународната заедница по синоќешната средба со потпретседателот на ДПА останува непроменет.

„Веќе неколку дена говориме дека немаме никаков проблем со словенечкиот модел се додека тој е соодветен на околностите во Македонија. Ние сме за тој модел, ако тој правно прифатлив. Тоа е нашата позиција пред изборите, а ќе истане таква и по изборите, но не станува збор за никакви писмени гаранции“ - изјави портпаролот на ЕУ во земјава Ирена Ѓузелова.

И во СДСМ потврдуваат дека е постигнат договор за деловникот.

„Што се однесува до пасошот, за него нема согласност и нема да биде на дневен ред до распуштањето на собранието,“ - изјави Ѓорѓи Спасов.
XS
SM
MD
LG