Достапни линкови

logo-print

Барање за повисоки и редовни плати


Девет илјади денари е просечната месечна плата во МРТВ веќе 10 години, а подолго време и таа доцни. Ова е причината поради која вработените од денеска почнаа да штрајкуваат.

Секој ден од 10 до 12 часот претпладне сите вработени ќе ја прекинат работата и мирно ќе протестираат во холот по што повторно ќе се вратат на своите работни места, а во центрлните вести по највата ке биде објавен телоп со причините за штрајкот.

Предвидени се и прекини на програмата од 20 секунди на првиот до 100 секунди на петтиот ден од штајкот.
Ако до тогаш штрајкот биде неуспешен ќе се премине на следна фаза

„Тоа значи дека шестиот, седмиот и осмиот ден од штрајкот информациите од земјата ќе одат без слика од настанот во ТВ Дневникот, а без тон од настанот во пладневниот радио весник и во весниците на етничките заедници.

рече преседтелот на синдикатот Војко Рафајловски
Врботените во МРТВ бараат сукцесивно зголемување на платите во тек на три месеци. Значи дека по 5 месеци платата на секој вработен треба да се зголеми за 25 проценти. Вработените бараат и редовна испалта на платите на секој 15-ти во месецот.

Ова зголемувањето на платите МРТВ ке ја чини 30 милони денари до крајот на годината. Милон и 600-тини илјади евра е сегашниот износ на плата во МРТВ каде работаат 1,800 лица од кои 1,300 се членови на синдикатот.
XS
SM
MD
LG