Достапни линкови

Ахмети ќе го употреби своето влијание за спроведување на истрагата


Македонските правосудни органи можат за започнат постапка и истрага за лицата кои во извештајот на меѓународната комисија за исчезнати се посочени како луѓе кои би можеле да имаат повеќе информации за нивната судбина, а меѓународната заедница ќе стори се да помогне. Ова е резултатот на синоќешната средба кај председателот Трајковски на која беа повикани премиерот и амбасадорите на меѓународните мисии во земјава.

„Прво е важно сите луѓе што нешто знаат да ги кажат информациите. Второ , и тоа им го рековме на властите, јавниот обвинител. Треба да контактираат со Хашкиот трибунал, за да се дефинира што е во чија надлежност. Тие две институции треба да решат кои акции треба да бидат преземени,“ - рече по состанокот европратеникот Лероа.

Во меѓувреме НАТО на себе ја презеде обврската да ја пренесе пораката до поранешниот командант, а сега лидер на партијата Унија за демократска интеграција Али Ахмети дека мора да соработува и да го употреби своето влијание на теренот за македонските истражни органи да можат непречено да вршат истрага. Ова во директна средба амбасадорот на НАТО Бигман ќе му го пренесе на Ахмети. Во меѓувреме портпаролот на неговата партија Буџаку вели:

„Ќе влијаеме колку што можеме истражните органи да ја вршат својата работа каде што треба ако господинот Ахмети им препорачува и кажува нешто на луѓето тие ќе го послушаат и ќе направат се што треба за лицата што ќе дојдат да работат непречено.“

Сепак ветувањето за соработка на поранешните структури на ОНА не се однесуваат на луѓето кои сега се во ДПА, како во извештајот за исчезнатите посочениот командант Лека. Ахмети нема влијание на тие луѓе, рече Буџаку.
XS
SM
MD
LG