Достапни линкови

Блокадите отстранети


Блокадите на патот Тетово-Скопје доцна синоќа се отстранети.

„Поради сложената состојба инсистиравме да се повлечат барикадите,“ - изјави Војо Гоговски еден од роднините на 12-те киднапирани Македонци.

Нивната судбина беше причина поради што до доцна синоќа ситуацијата во тетовско особено кај село Желино беше на работ на експлозија, но за среќа се заврши без поголеми инциденти:

„Најнапред е пукано со поединечни рафални истрели кон луѓето кои биле во блокадата. Ова се случило некаде во 20 часот и 15 минути. За во 22 часот и 15 минути да биде нападнат полицискиот пункт сместен кај селото Желино. Нашите безбедносни структури немаат возвратено на тој напад, а во 23 часот блокадата е повлечена од страна на граѓаните,“ - изјави портпаролот на МВР Војо Зафировски.

Присуството на оружјето кај цивилите и од албанска и од македонска страна за полицијата е сеуште необјасниво

„Тоа е прашање што дури сега го проверуваме,“

вели Зафировски истовремено демантирајќи дека на блокадите имало припадници на полицијата:

„Наши припадници немаше.“

Сепак пораката што е испратена од блокадата загрижува вели портпаролот на мисијата на НАТО во македонија Питер Фуз:

„НАТО не го гледа овој инцидент на патот како особено опасна ситуација за НАТО и меѓународната заедница, но е закана. Закана не само за институциите како што е НАТО или ОБСЕ туку е закана и за нивниот персонал. И тоа е она што помалку не загрижува иако не можеме да кажеме дека е ова многу опасна ситуација. Ова е нов вид закана за НАТО и меѓународната заедница бидејќи мислам дека ова е прв пат македонските граѓани на таков начин да протестираат против меѓународната заедница или НАТО. Така што сме загрижнеи за односите меѓу македонскиот народ, владата и меѓународната заедница. Морам да повторам ова не е опасна ситуација но е нов вид на закана,“ - рече портпаролот на НАТО.
XS
SM
MD
LG