Достапни линкови

Турција: Месут Јилмаз бара формирање нова влада


Заменик премиерот на Турција Месут Јилмаз денеска побара формирање нова влада затоа што земјата се соочува со владина криза, пад на акциите на пазарот и се помала надеж за опоравување од длабоката економска криза. Тој побара одржување предвремени избори само еден ден откако тројца министри, вклучувајки го и заменик премиерот Хусаметин Озкан и 18 официјални преставници поднесоа оставка од Партијата на Демократската Левица на премиерот Булен Еџевит и на тој начин ја доведоа во колапс владината коалиција. Денеска се очекуваат нови оставки во оваа Партија.
XS
SM
MD
LG