Достапни линкови

Законот за патни исправи и деловникот имаат приоритет


Формирањето на ДИК е сеуште неизвесно, ДПА имено останува на ставот дека пред га ди назначи своите кандидати за членови на ДИК мора да се изнајде решение за законот за патните исправи и собранискиот деловник.

„Ние нема да ги предложиме членовите на ДИК зашто мислиме дека ова е техничко прашање и многу понебитно од законот за патните исправи и деловникот за работа на собранието кои се важен дел од рамковниот договор,“ - изјави денеска координаторот на ДПА Замир Дика.

Изјавата на Дика доаѓа откако денеска проструија информации за можно ретерирање на ДПА од тврдиот став и за можна седница на собранието на која би можел да биде верифициран составот на ДИК.

ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ПДП ја исполнија својата обрвска и уште во петокот ги доставија своите кандидати за членови на ДИК. Законскиот рок во кој ДПА треба да ја исполни својата обврска истекува утре, а собраниската седница треба да се одржи најдоцна до среда. Најавите за можно именување на членовите во име на ДПА од страна на комисијата за избори и именувања во таа партија се толкуваат како несериозен потег.

„Тогаш може да дојде и до бојкот на изборите, што мислам дека не е најдобра солуција,“ - рече Дика.

Во меѓувреме меѓународните олеснувачи се во интензивни контакти со партиите за наоѓање на компромисно решение околу собранискиот деловник и законот за патни исправи. Оттаму и оптимизмот во ДПА дека компромис ќе биде најден.

„Се надевам дека и меѓународните претставници кои се сведоци на рамковниот договор ќе изнајдат солуција која ќе ги вклучи овие две важни прашања и така може да инеме да другите обврски за изгласување на законот за избор на пратеници,“ - вели на крајот координаторот на ДПА Замир Дика.
XS
SM
MD
LG