Достапни линкови

Голема веројатност договорот да падне


Веројатноста договорот за продажба на рафинеријата ОКТА да биде прогласен за против уставен е се поголема. По последната расправа во уставниот суд на оваа тема 17-ти јули е датумот кога судот ќе треба да ја донесе конечната одлука. Според нашите информации, од вкупно девет судии односот на силите е пет спрема четири во полза на оние кои ја застапуваат тезата дека договорот е противуставен. Невозможно е нератификуван договор да биде на сила.

„Ако помине вака како што е, јавно-правни области поминуваат без тарификација се руши уставниот систем. Нивната гаранција е да помине низ парламентот. Не е важно како парламентот ќе се согласи, важно е дека тоа мора да помине низ него. Без тоа системот се руши во основа и се прави многу опасен преседан,“

е толкувањето на професорот Љубомир Фрчковски кој е еден од авторите на уставот на Република Македонија. Според првиот човек на МКГ Едвард Џозеф процесот на приватизација на рафинеријата ОКТА е еден од главните примери за високиот степен на корумпираност на актуелната власт. За премиерот Георгиевски одлуката на уставниот суд е ирелевантна:

„Уставниот суд може да донесе одлука каква што сака. Тие до сега донесуваа неколку одлуки против наши крупни проекти. Тоа ќе биде многу несимпатичен удар против грчкиот инвеститор. Грците сигурно нема да заминат, тие ќе бараат некои оштети што државата ќе треба да ги плати.“

Само пред неколку дена високиот претставник на ЕУ Рајхарт Прибе со предубпредување до владата под итно да се воведе единствена царинска стапка за увоз на нафтените деривати од едноставна причина што монополот што го поседува ОКТА се коси со потпишаната спогодба за стабилизација и асоцијација. Веќе три години од потпишувањето на договорот меѓу Хеленик Петролеум и Владата, оваа компанија за увоз на каков било дериват плаќа царинска стапка од еден процент, додека сите други компании што увезуваат нафтени деривати плаќаат царинска давачка што изнесува 20 проценти.

„Владата да пристапи кон единствена царинска тарифа на секој правен субјект при увозот на нафтените деривати во Република Македонија,“ – е изјавата на министерот за економија Бесник Фетаи по средбата со претставниците на ЕУ.
XS
SM
MD
LG