Достапни линкови

Југославија: Суфицит единствено со Македонија и БИХ


Македонија и Босна и Херцеговина се единствените земји со кои Југославија остварила суфицит во трговската размена во првите пет месеци од годинава, соопшти југословенскиот завод за статистика. Југославија во тој период извезла на македонскиот пазар стоки во вредност од 91.2 милиони долари, а од Македонија увезла производи во висина од 48 милиони долари.
XS
SM
MD
LG