Достапни линкови

logo-print

Косово: Бујар Букоши нуди средства за изградба на американски колеџ


Некогашниот премиер на косовската влада во егзил Бујар Букоши и понуди на владата на Косово 4.5 милиони швајцарски франци за основање американски колеџ во Приштина, јави албанската агенција АТА. Букоши овој предлог преку писмо го доставил до претседателот на косовскиот парламент Неџат Даци, а средствата кои ги нуди се од Фондот на некогашната косовска влада во егзил. Премиерот Бајрам Реџепи изјави дека би ја прифатил таквата донација, но дека владата треба да реши што ќе прави со тие сретдства.
XS
SM
MD
LG