Достапни линкови

Авганистан: Атентат на потпретседателот Хадџи Абдул Кадир


Авганистанскиот потпретседател Хадџи Абдул Кадир денеска е убиен пред својата канцеларија во центарот на Кабул, соопшти авганистанскиот министер за внатрешни работи Таџ Мухамед Вардак. Дописникот на Радио Слободна Европа од Кабул јави дека врз автомобилот на Кадир бил отворен оган од автоматско оружје. Двајца од неговите телохранители се исто така убиени. Кадир беше член на некогашната анти талибанска Северна Алијанса и министер за јавен ред. Истрагата за атентатот е во тек.
XS
SM
MD
LG