Достапни линкови

Истакнувањето на албанското знаме не придонесува за враќање на довербата


Присуството на македонските државни симболи како што е знамето во местата населени со Албанци секогаш беше тема на која зовриваа страстите. Па така се случи 97-та полицијата во време на владата на социјалдемократите и ПДП да интервенира во Гостивар и Тетово токму поради знамињата. Руфи Османи ја заврши својата јавна политичка кариера и замина во затвор , ДПА го подобри рејтингот и на изборите заедно со ВМРО-ДПМНЕ ја доби власта. Неколку години подоцна се случи криза, се случи дезинтеграција на 20 насто од македонската територија и спорведување на мировниот план.

Сега процесот на реинтеграција е завршен. Полицијата патролира во сите 140 села од поранешните кризни региони. Во нив никогаш немало и сеуште нема македонски знамиња, но затоа има албански.

Организацијата која помагаше во враќањето на полицијата и воопшто враќањето на довербата ОБСЕ со став:

„Од перспектива на враќање на довербата мораме да кажеме дека не веруваме дека истакнувањето на албанските знамиња придоинесува кон враќањето на довербата. Токму спротивното тоа создава реакции и тензии што не му помагаат на процесот на враќањето на довербата. Затоа нашите луѓе на теренот имаат голем број разговори со претставниците на локалната власт за да го преиспитаат својот став да го отстранат албанското знаме или пак тоа да биде придружено со македонското државно знаме,“ вели потрпаролот на ОБСЕ Флорин Паснику.

Барањата на ОБСЕ донекаде се со резултат. Заменик министерот за внатрешни работи Рефет Елмази констатира:

„Во последно време според сознанијата што ги имаме знамињата се повлечени и симнати освен на некои места.“

Меѓутоа присуството на албанските симболи на сметка на македонските беа повод за неодамнешната изјава на министерот Бошковски кој од Перт порача:

„Доколку самите не ги симнат тие симболи, на туѓа територија тоа ќе го направи македонската полиција, а меѓународната заедница ќе ја истереаме од Република Македонија.“

Така знамињата остануваат тема повеќе за можна идна радикализација
XS
SM
MD
LG