Достапни линкови

Тројца граѓани на Македонија на најновата црна листа


Во најновата црна листа на САД се наоѓаат имињата на тројца граѓани на Македонија - Кастриот Хаџиреџа лидер на НДП Невзад Халили првиот претседател на ПДП и Гафур Адили на кои ќе им биде забранета секаква соработка со САД и ќе им биде забрането да влезат таму објави америкнскиот амбсадор во Македонија Лоренс Батлер цитирајќи го соопштението што е испратено од Вашингтон.

„Оваа акција е преземена по претходни консулатции затоа што ние мислиме дека тие биле активно вклучени или спонзорирале активности за дестабилизација на западниот балкан а со тоа ја загрозуваат и безбедноста на американските војници тука.“

рече американскиот амбсадор Батлер кој причините поради кои САД го прави ова ги образложи како

„Нашата решителност да го блокираме пристапот за луѓето кои ги загрозуваат меѓунардните напори за стабилизација на западниот балкан,“ - рече Батлер

Засега информациите за објавување на оваа листа на САД предизвика реакција на неверување и збунетост кај Кастриот Хаџиреџа.

Се додека официјално не ја видам таа листа не можам да коментирам рече Хаџиреча но тој отфра каква и да негова активност поради која би можел да се најде на црната листа на САД.

„ Ниту сум бил, ниту сум, ниту пак имам намера да бидам во било какви движења и активности кои доведуваат до дестаблизиција, ниту пак да спонзорирам такви дејности.“

Лидерот на НДП засега се сомнева дека последнава црна листа на која се наоѓа и неговото име е кака таа што ја објави америкнскиот претседтел Буш пред неколку месеци.

Инаку САД освен што се решени да го блокираат пристапот во нивната земја за тие што ги загрозуваат меѓунардните напори за стбилизција на западниот балкан истотака највуваат дека

„САД ќе делува против секој што ке го загрозува територијалниот инегритет и стабилноста на оваа земја и секоја земја од западен балкан.“

рече Батрел кој оваа намера на САД јасно му ја ставил на знаење на претседателот Борис Трајковски.
XS
SM
MD
LG