Достапни линкови

Нано Ружин, амбасадор на Македонија во НАТО. Шансите за задоцнето членство реални


Какви се перспективите на Македонија пред претстојното проширување на НАТО?

Ако проширувањето се прави според остварените цели во рамките на акционите програми за членство, тогаш шансите на Македонија не се многу големи. Меѓутоа, ако се тргне од една политичка проценка, со други зборови да се земат предвид некои елементи коишто се вон акционата програма за членство. Ако се прифати нашето барање за задоцнето зачленување во НАТО, со други зборови, ви испраќаат покана во Прага, а вие станувате член за неколку месеци, години итн. тогаш шансите се реални. Но, сметам дека овој принцип има малку шанси да биде респектиран во Прага, бидејќи отворено ни беше кажано дека таму нема да се земаат никакви политички, географски и други аспекти. Се ќе биде проценка, чиста математика, чиста логика.

Со оглед на ова во која насока треба да работи Македонија?

Македонија треба да си го отпочне четвртиот циклус на акционата програма за членство, да продолжи до крај да се бори за полноправно членство. Да ги исполнува барањата коишто ни ги наметнуваат НАТО стандардите. Да одржи фер и демократски избори, да продолжи со апликацијата на охридскиот договор и независно од тоа што ќе се случи во Прага да остане на пат за про атлантска и про натовска ориентација

До кога може да се очекува да останат НАТО војниците во Македонија?

Според она што се чу пред извесно време се смета дека можеби тие ќе останат и по 2002-та година, но не понатаму. Тоа значи дека во согласност со еволуцијата на настаните и стабилизирањето на државата максимално може да се очекува тие трупи во првото, односно второто тромесечие од 2002-та тие да си заминат.
XS
SM
MD
LG