Достапни линкови

Економските ефекти послаби од предвиденото


Завршувањето на светското првенство во фудбал на домаќините Јапонија и Јужна Кореа им ги остави празни стадионите а и хотелите, со нереализирани ветувања за економски бум. Но, сепак поголемиот дел Јужно Кореанци и Јапонци велат дека вредеше да се биде организатор на најголемиот светски фудбалски спектакл. Бројот на странските посетители и навивачи не ги исполнија предвидувањата. Тоа што остана се 20 големи стадиони, чија реконструкција чинеше многу. Се користеа само за неколку натпревари а во иднина во нив ќе се игра фудбал од време на време.

Јужна Кореа и Јапонија очекуваа многу поголем економски профит од мундијалот. Јапонските екперти предвидуваа меѓу 26 и 30 милијарди долари, додека Јужна Кореа од 5 до 15. За разлика од нив Германија која е организатор на иднито светско првенство 2006 година е поскромна во очекувањата за профитот- само 2 милијарди долари.

17 светско првенство во фудбал мина со голем број изненадување. Веќе на почетокот, односно во првиот круг од натпреварувањето испаднаа досегашниот светски шампион Франција, потоа третиот од последното светско првенство Хрватска, Уругвај, Аргентина и Португалија. Изненадија азиските репрезентациии, домаќините Јужна Кореа и Јапонија. Јапонците за прв пат стигнаа до осмина финалето а пак јужно Кореанците играа во полуфиналето, но на крај мораа да се задоволат со четвртото место по поразат од Турција за кого третото место е историски успех. На тронот по пети пат се искачија кариоките. Во финалниот натпревар ја совладаа Германија која до финалето стигна со само еден примен гол, што придонесе голманот Оливер Кан да ја добие наградата најдобар голман на шампионатот. Златната копачка му припадна на бразилецот Роналдо кој постигна 8 гола, а за најфер екипа избрана е репрезентацијата на Белгија.
XS
SM
MD
LG