Достапни линкови

logo-print

Од денеска, штрајк на адвокатите


Граѓаните од денеска нема да можат да добијат адвокатски услуги. Причина за ова е штрајкот на адвокатите кој е реакција на недонесувањето на законот за адвокатура.

„Инсистираме да се донесе законот за адвокатура што се наоѓа во завршба фаза, со предложените амандмани на двајацата пратеници. Со тоа ќе се постават нови темели на адвокатурата и таа ќе се приближи кон европските стандарди,“ - вели претседателот на Адвокатската комора, Ненад Јаниќевиќ.

Во предлог законот спорен е предлогот кој предвидува адвокатските друштва наместо во Адвокатската комора да се запишуваат во регистерот на трговските друштва.

„На тој начин постои голема веројатност да се разбие самостојноста, независноста и единството на Адвокатската комора бидејќи може да дојде до ситуација основач на адвокатско друштво да биде може да бидат само адвокати кои се впишани во именикот на Адвокатската комора на Македонија, а во друга ситуација може да се случи и разбивање на членството, односно едните друштва да ги формираат членовите на комората, а другите да ги формираар адвокати кои ќе бидат впишани во трговски регистар,“ – вели Јаниќевиќ.

Тој посочува дека штрајкот ќе трае се додека не се донесе законот и тоа со измените кои предвидуваат упис на адвокатските друштва во матичната комора

„Се надевам дека парламентот ќе има доблест и ќе остане на ниво со што ќе го донесе Законот за адвокатура со предложените амандмани,“ – заклучува Јаначковиќ.
XS
SM
MD
LG