Достапни линкови

СП: Турција го освои третото место


Репрезентацијата на Турција во натпреварот за третото место на светското првенство во Фудбал во Јужна Кореа и Јапонија со резултат 3-2 ја совлада репрезентацијата на Јужна Кореа и за прв пат во нивната историја стигнаа до третото место на еден мундијал .
Инаку турскиот фудбалер Хакан Шукур денеска го постигна најбрзиот гол во историјата на светските првенства . Шукур голот го поистигна во 11 секунда на натпреварот . Досегашниот рекорд го држеше играчот на некогашна Чехословачка Вацлав Масек кој на светското првенство 1962 година против Мексико постигна гол во 15 секунда .






ОН: Честитка на Кофи Анан до организаторите на СП

Генералниот секретар на Обединетите Нации Кофи Анан , им честита денеска на организаторите на светското првенство и Светската Фудбалска Федерација зато што го обединиле светот во изминативе месец дена . Ви благодарам што организиравте натпреварување кое предизвика толку емоции , се наведува во писмото на генералниот секретар на Обединетите Нации Кофи Анан , упатено на организаторите на светското фудебалско првенство во Јужна Кореа и Јапонија .
XS
SM
MD
LG