Достапни линкови

Изборите треба да бидат чесни и слободни, без инциденти и тензии


Со гаранции дека нема да има поместување на датумот на изборите добиени од претседателот на парламентот Стојан Андов и со ветување од сите политички лидери дека ќе обезбедат фер и демократски избори генералниот секретар на НАТО Џорџ Робертсон доцна синоќа ја заврши посетата на Македонија. Таа мина во знакот на уште еден обид или предупредување на Меѓународнта заедница преку Робертсон испратена до клучните играчи на политичката сцена: остануваме ангажирани, очите на целата Меѓународна заедница ќе бидат насочени за време на изборите кон Македонија, затоа тие треба да бидат чесни и слободни, без инциденти и тензии. Не помислувајте на нова дестабилизација, не ги подгревајте страстите со непромислени изјави. Се надевам дека луѓето на изборите ќе го казнат секој политичар што тежнее да создаде поделба или да ги крева емоциите, затоа што рече Робертсон луѓето од оваа земја заслужуваат нивните политичари да ги третираат на едне зрел и интелигентен начин. А најавите за нова дестабилизација или поделба на земјата не се ниту зрели ниту интелигентни била оценката на Робертсон упатена до Георгиевски и Тачи, велат дипломатски извори. Шефот на НАТО не ја прифатил ниту аргументацијата за погрешно протолкувани ставови во кои се предвидува поделба на земјата. Проблемот на пасошите е минорен и не смее да биде адут за проблематизирање на одржувањето на изборите или аргумент за политичка кампања. Робертсон на разговорите со албанските политичари недвосмислено укажал на очекувањето на НАТО процесот на враќањето на полицијата да оди непречено и со македонски знамиња во селата со што ќе се илустрира припаѓањето на албанското население на оваа држава, велат дипломатски извори. Но, Роберсон исто така на разговорите со премиерот побарал расформирање на лавовите, отстранување на пунктовите и смирување на реториката околу таканаречените гранични инциденти.
XS
SM
MD
LG