Достапни линкови

logo-print

Русија нов член


Светот се менува. Русија ги искажа своите можности да игра значителна улога во решавањето на глобалните проблеми со кои се соочуваме, се наведува во заедничкото соопштение, во кое се додава дека за демократската и стопанската трансформација во земјата е заслужен претседателот Путин. Москва ќе биде домаќин и на следниот самит на Г-8 ВО 2006 година. Една од најзначајните теми на самитот беше и разгледувањето на мерките за спречување на терористичките организацији да набават нуклеарно оружје, а усвоена е и иницјатива за безбедносни мерки за спречување напади во сообраќајот. На самитот во изолираниот канадски зимски центар лидерите на Г-8 најавија оживување на економијата која бележи успорување, како и новиот удар врз берзите по финансискиот скандал во Соединетите држави. Предвидена е и додатна помош за најсиромашните земји во вид на отпишувањето на долговите во износ на милијарда долари. Британскиот премиер Тони Блер за планот за Африка рече:

Сметам дека тоа што е интересно во идејата, во планот за Африка ,се прашањата за справување со долгот и помошта, за едукацијата и здравството, за управувањето што е екстремно важно.

Нигерискиот претседател Олесегун Обасанјо во реакцијата одговори:

„Има потреба за обнова. Има потреба од оживување и полет што ќе ја извади Африка од калта.“

Лидерите на најразвиените земји донесоа фонд од 20 милијарди долари, од кои десет, во следните 10 години ке ги обезбеди Америка, за уништување на оружјето за масовно уништување од времето на поранешниот Советски Сојуз. На дневниот ред се најде и мировниот план на претседателот Буш за решавање на кризата на Блискиот Исток.

„Статус кво-то е едноставно неприфатливо, и треба да биде неприфатливо за палестинците. Тие се заложници во играта на мирот, тие немаат надеж, нивното раководство ги остави долу,“ – рече Буш.

Останатите лидери изразија длабоки резерви поради неизвесноста која политичка сила би победила на слободните и фер избори за палестинска самоуправа. Собирот во Канада го следеа големи мерки за безбедност, меѓутоа за разлика од минатите самити имаше само неколку судири меѓу полицијата и анти-глобалистите.
XS
SM
MD
LG