Достапни линкови

Трајковски најави запазување на роковите


Претседателот Борис Трајковски најави:

„Можам да кажам дека ќе го запазам законскиот рок и ќе ја искористам дадената можност да предложам човек кој ќе биде општо прифатен од страна на сите политички партии.“

по синоќешното предупредување на претседателот на Собранието Стојан Андов дека мора да се формира Државната изборна комисија до 5 јули за тој да донесе решение на 7 јули за распишување на изборите на 15 септември.

„Сето тоа мора да заврши со седница која ја планирам за 5-ти јули најдоцна и веќе на 6-ти јули одлуката да се објави во службен весник.“

Посетата на генералниот секретар на НАТО, Џорџ Робертсон се очекува да придонесе и за забрзување на подготвките за одржување на парламентарните избори.
Во меѓувреме додека претседателот Трајковски размислува која личност ќе биде шеф на ДИК во оптек се повеќе истакнати правници. Најсериозни кандидати се судијата на Уставниот суд, Милан Нетков, професорката на Правниот факултет, Гордана Силјановска и пензионираниот судија, Павел Манев.

Но, во функција на избор на прв човек на ДИК кој ќе биде прифатен од сите политички партии претседателот Трајковски врши консултации со партиите.

„Сме во контакти и со претседателот на државата и со другите релевантни политички партии“ - вели Захир Бехтеши од ПДП.

Владимир Горчев од ВМРО-ДПМНЕ рече:

„Остварени се контакти со некои политички партии, но рано е да се споменуваат конкретни имиња. Останува наредните денови да бидат допрецизирани некои детали.“

По именувањето на шефот на ДИК четирите политички партии СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ПДП и ДПА имаат обврска да предложат по еден судија од Врховниот суд за член на ДИК, но и по еден партиски член.
XS
SM
MD
LG