Достапни линкови

Нема да поддржам било какво делење на земјата


Со оценката дека сега кога охридските закони поминаа време е тие и да се имплеметираат и со очекувањето на целата меѓународна заедница за: тивка, мирна и фер предизборна кампања, генералниот секретар на НАТО на разговори со лидерите потписнички на рамковниот договор на кои им претходеше средба со премиерот Георгиевски и министрите за одбрана и за надворешни Поповски и Чашуле. Шефот на НАТО потврди дека околу изборите НАТО сеуште врши проценка за дополнителна помош на набљудувачите, освен онаа предвидена со килибарните лисици, но рече:

„Никаква одлука не е донесена затоа што воените проценки сеуште не се завршени.“

Во меѓувреме Роберсон со пофалба за досега стореното, но и со јасен одговор за идеите за поделба или нова дестабилизација.

„Јас воопшто не размислувам и нема да поддржам какво и да е делење на земјата, тоа не е иднината на земјите во Европа,“ - рече тој.

Предизборната кампања произведува многу изјави, многу тензија но факт е дека ова е една унитарна држава и охридскиот договор ја прави уште повеќе обединета.

„Оваа земја мина низ период на дестабилизација и се опоравува од него. Нам не ни треба дестабилизација, ни треба позитивен напредок за имплементирање на договорот и ни треба смирена и тивка предизборна кампања,“ - ги кометира предизборните реплики првиот човек на НАТО.

Доаѓајќи од Косово тој уште еднаш ја повтори поддршката на легитимитетот на нашата граница.

„Ова е суверена земја со меѓународно признати граници,“ - рече Робертсон кој со министрите за одбрана и надворешни работи имаше можност да разговара и за границата, инцидентите до кои доаѓа во косовскиот дел и за претстојната демаркација.

Својата неколкучасовна посета на Скопје Робертсон ја завршува со разговорите со претседателот Трајковски.
XS
SM
MD
LG