Достапни линкови

logo-print

Синодот му нуди покајување, Владиката Јован го отфрла


Светиот Синод на МПЦ на Владиката Јован денеска му понуди покајување и враќање во МПЦ, тој пак за Радио Слободна Европа изјави дека веќе не признава ниту една одлука на судот.

По барањето на СПЦ за канонско единство со МПЦ кое не беше упатено до Синодот, ами поединечно до архиереите, Синодот на МПЦ на вонредната седница го оцени како тенденција да се создаде неединство и поделба меѓу архиереите и верниците на МПЦ. Синодот појаснува дека доколку СПЦ официјално упатела повик до Синодот со што ќе се испочитувале достоинството и уставните тела, тогаш повикот за канонско единство ќе бил разгледуван по што ќе следувал навремен одговор.

Што се однесува до постпаката на Владиката Јован кој самостојно воспостави канонско единство со СПЦ, портпаролот на МПЦ Тимотеј рече:„ Делото е против уставно и противканонско. Затоа портпаролот на МПЦ раководејќи се од евангелската љубов на Владиката Јован му сугерира:

„Ние го повикуваме да се врати онаму од каде што излегол. Јас се надевам дека ќе постапи евангелски. “

Одговарајќи дали Јован може да биде расчинет ако го игнорира повикот на МПЦ, Тимотеј рече:

„Се е можно, ако еден човек не сака да сфати некои работи дека кинисал по погрешен пат и направил избрзан чекор.“

Инаку, според денешната изјава на Владиката Јован за Радио Слободна Европа извесно е дека тој не мисли да се покае за својата постапка. Напротив, тој вели:

„Прво, судот веќе нема власт, ниту над мене како Митрополит, ниту над Митрополијата која ја призна целата православна икумена како самостојна и правното дејство пред црквите е сведено на нула. Тоа е невозможно. Никој нема да ги прифати тие одлуки.“

Владиката Јован не одговори ниту на поканата на Синодот на МПЦ да присуствува на вонредната седница што му била упатена.
XS
SM
MD
LG