Достапни линкови

СП: Покрај шампионскиот пехар и награди за најдобриот играч, стрелец и голман


Позлатениот пехар што Фифа ќе го додели на победникот на мундијалот во Јапонија и Јужна Кореја е најзначајната, но не и единствена награда која ќе биде врачена по завршувањето на Светското првенство во фудбал. Најдобриот стрелец ќе ја добие златната копачка. Засега со по пет голови главни кандидати се бразилците Роналдо и Ривалдо и германецот Клосе. Златната топка, според изборот на новинарите ќе му биде доделена на најдобриот играч на првенството, а најдобриот голман ќе го добие трофејот Лаф Јашин. Ке бидат доделени и награди за фер плеј, а публиката ке ја избере и најспектакуларната екипа на првенството.
XS
SM
MD
LG