Достапни линкови

logo-print

Израел: Шест палестинци убиени во хеликоптерски напад


Израелските сили убија 6 палестинци во хеликоптерски напад на два автомобила во Газа, во кои имало осомничени милитанти и повторно го опколија штабот на палестинскиот лидер во Рамала на Западниот Брег. Како што јавуваат агенциите, станува збор за најавите на Израел за ре-окупирање на палестинските територии се додека не запрат самоубиствените бомбашки напади. Израелските сили, инаку, во Џенин и Хеброн уапсиле 10 муслимански милитанти. Барајки меѓународен притисок за запирање на израелската офанзива, палестинските власти изутрината го ставија во куќен притвор духовниот лидер на Хамас шеикот Ахмед Јасин.
XS
SM
MD
LG