Достапни линкови

Ал Џазира: Осама Бин Ладен е жив


Осама Бин Ладен и неговата десна рака Ајман ал Завахари , се живи и Ал Каеда е подготвена за нови напади врз Соединетите Американски Држави , ја пренесе синоќа изјавата на портпаролот на Бин Ладен , Сулејман ал Гаита , Катарската телевизија Ал Џезаира . Сакам да ги уверам муслиманите дека шеикот Осама Бин Ладен е во добра здравствена состојба , а тоа што се зборува дека е болен и дека е повреден во Тора Бора не е вистина , рече портпаролот кој додаде дека Ал Каеда ќе го избере вистинското време , местото и начинот за напад врз Соединетите Држави . Засега на оваа изјава нема реакции од офицјален Вашингтон , иако администрацијата на американскиот претседател Џорџ Буш , претходно соопшти дека не знае дали Бин Ладен е жив или мртов .
XS
SM
MD
LG