Достапни линкови

Севиља: ЕУ донесе мерки за спречување на илегалната имиграција


На Самитот на Европската Унија во Севиља денеска беа донесени мерки за спречуваење на илегалната емиграција. Во мерките се наведува дека основно е да им се помогне економски на сиромашните земји за да ја спречат илеглната емиграција. Европската Унија ќе воведе заеднички стандарди за третманот на бегалците и апликантите за азил, а ќе направи повторен преглед на листата на земјите за кои ќе биде потребна виза за влез во земјите на Унијата.

Унијата се наведува во соопштението останува посветена да ги заврши преговорите за полноправно членство со дессете држави до крајот на оваа година. Грција го прифати компромисот за ветото со Турција со што европските сили ќе можат да станат оперативни а Турција ќе им дозволи пристап во капацитети на НАТО.
XS
SM
MD
LG