Достапни линкови

logo-print

Панде Лазаревски, директор на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања. Европските перспективи пролонгирани


Професор Лазаревски парламентарната процедура околу законите од рамковната спогодба привршува. Значи ли тоа дека основните причии за кризата во Македонија се надминати со договорот од Охрид?

Па, прво самиот договор е најблаго речено спорен. Спорен е бидејќи тој договор во основа крши некои базични принципи на демократијата. Со тој договор, де факто се прифати употребата на сила како инстурмент за постигнување на политички цели. И уште една работа, тој договор не го адресира клучниот проблем. Со тој договор не се унапредуваат човековите права, не се унапредува позицијата на граѓанинот, напротив само и натаму се потиснува. И дефинитивном договорот не го задира клучниот проблем, а тоа е постоењето на регионален организиран криминал што е во тесна спрега со корумпирани политички структури и додека тоа зло не биде надминато и додека за тоа не се најде решение, никаков договор нема да функционира во позитивна насока. Можеби ќе се залажуваме, ќе имаме некаков провизориум дека работите се срдуваат, но пак ќе речам тоа е само провизориум, а главен губитник е граѓанинот.

Ако граѓаните загубија, што добиваат Македонците, а што Албанците како колективитети?

И едните и другите добија натамошно пролонгирање на неодредено време на европската перспектива. Добија еден неизвесен амбиент за живот и мислам дека, како што веќе претходно кажав, сите заедно сме губитници. Не можам да ја прифатан тезата дека Македонците со албанско етничко потекло всушност добија нешто значајно. Можеби добија одредени политички елити, одредени „босови“ во легалната, полулегалната и илегалната економска зона на дејствување. Меѓутоа, дека обичниот човек доби соова нешто, се сомневам. Можеби доби само натамошни страдања и неизвесност.

Тогаш, каква е иднината на Македонија?

Неизвесна. Договорот од Охрид е договор за сепарација, не е договор за интеграција и не е нешто што дава некаква извесност дека земјата ќе биде интегрирана во европските структири, во евро-атлантските структури и дека воопшто претставува одговорен и сериозен фактор во регионот. Според многу елементи, земјата за жал функционира како непрогласен протекторат со нејасна политичка иднина.
XS
SM
MD
LG