Достапни линкови

Одлуката на Владиката Јован нема легитимитет


Откако миторполитот Јован вчера велешко-повардарската епархија, ја приклучи кон СПЦ, се појавија жестоки реакции меѓу македонските верници, а потпретседателот на црковно-народниот собор Проф. Др. Глигор Поповски вели:

„Јас на едно место реков, гледаш луѓе со бради до појас, па мислиш дека ќе кажат нешто мудро, дека ќе го поведат народот кон она што ќе значи подобра иднина. Напротив, се што вчера можевме да слушнеме е дека тој се отцепува, дека тој ќе оди во канонско единство, и некаде повеќе од половина од неговата изјава беше плукање по друг Владика.“

Според Проф. Др. Поповски, одлуката на Владиката Јован нема легитимитет. Тој вели:

„Легитимитетот го има кога народниот собор, македонскиот народ, претставен преку тој црковно-народен собор и свештенството, а не поединец. Доколку речам се јавија неколкумина свештеници од неговата епархија коишто ми рекоа дека на празно им дал хартија да се потпишат, а потоа било пополнето дека тие потполно се согласуваат со одлуките што ќе ги донесе Јован.Многумина од Прилеп ми пристапиле и ми рекле, ако навистина нашите свештеници го сториле тоа, јас повеќе свештеник не сакам да ми влегува дома.“

Проф. Др. Попоски се уште не успеал да стапи во контакт со претседателот на црковно-народниот собот Архиепископот Охридски и Македонски господин господин Стефан.

„Верувам дека во текот на денов или во текот на утрешниот ден ќе го добијам.“ – рече на крајот Проф. Др. Поповски.
XS
SM
MD
LG