Достапни линкови

Македонија е крстопат на нарко криминалот на Балканот


Македонија претставува крстопат на нарко криминалот на Балканот, вели експертот во областа на нарко криминалот Др. Стефан Буџаковски.

„Хероинот оди во еден правец, односно во земјите на Европската Унија, кокаинот од друг правец од Албанија кон Македонија и канабис дрогите од истиот правец од Албанија кон Македонија и Грција,“ – вели Буџаковски.

Ова е т.н.балкански пат по кој се криумчари дрогата во регинот потсети Др Стефан Буџаковски. Во државава во последниве неклку години не само што се зголемува бројот на нарко зависници туку со отворањето на кризните жаришта во регионот се зголемува и бројот на наши граѓани кои се вклучени во големиот вносен бизнис.

„Всушност тие покрај транспортот на дрогата, ја криумчарат во кризните подрачја од регионот“

Последните официјални податоци на полицијата за запленентите количества на дрога се однесуваат на 96-тата година кога на граничните премини се откриени 996 кг кокаин меѓутоа количествата што минуваат низ Македонија се неспоредливо погоелми од количеставта што се запленети.

„Ние ако зборуваме за нас, она што ќе го откриеме за другите пазари не е успех бидејќи голем дел останува во Македонија и тоа најнеквалитетната дрога. Она што не оди на западниот пазар.“

Граничните премини Ќафасан и Деве Баир најчесто се јавуаваат како можни патишта на дрогата во Македонија. Во прилог на дејствата што ги преземаат нарко криминалците во Македонија им оди отсуството на примената на современи полициски методи посочува Др Буџаковски кој работи како началник на полицијата.

„Полициајта работи според застрени методи,“ вели тој и додава „ Забрането е прислушкувањето, следењето итн. Користењето на соработници и полициски агенти, а без користење на овие средства ние можеме само да зборуваме за откривање меѓутоа во класична смисла тоа не е изразено.“

Сево ова повторно од друга стрна оди во прилог на бројот на нарко зависници во Македонија што рапидно да расте од година во година

„Статистиката кажува друго, меѓутоа состојбите на теренот се други. Секогаш оваа бројка се множи со коефициент од четири до десет и со тоа добиваме околу 30,000 зависници со дрога,“ – смета Др. Буџаковски.

За ефикасно справување со нарко криминалот во Македонија неопходно е да се изработи национална програма укажува Буџаковски. Тоа подразбира превенција, но и примена на современи полициски методи. За сега, борбата против овој бизнис на Македонија се сведува единстевно на откривање на мали количини на дрога од големите пратки што минуваат низ и во државата.
XS
SM
MD
LG