Достапни линкови

Два пасоши спротивно на договорот од Охрид


Претседателот Борис Трајковски е против предлогот на Владата за новите патни исправи. Тој денеска изјави:

„Јас лично сум изненаден од предлогот за тоа како треба да изгледа патната исправа. Бидејќи со овој предлог на некој начин се промовираат два вида патни исправи кои ќе ги поседуваат граѓаните на Република Македонија. Веднаш сакам да кажам дека ова е во спротивност или не е во согласност со охридскиот договор. Исто така, постои спротиставеност и со она што ние се договаравме пред неполни два месеци, како што течеа преговорите меѓу четирите политички партии и е во спротивност со решението што тогаш беше договорено, а тое е да постои еден и единствен унифициран пасош што ќе го поседуваат граѓаните на Република Македонија и што ќе го одазува унитарниот карактер на државата. Би сакал да го изразам моето незадоволство и загриженост што постојано ни се случува некој процес на самоволно интерпретирање на рамковниот документ што секој го прави поаѓајќи од своите интереси. Уште полошо е што сега се влегува во некој вид манипулација во некои предизборни цели. Јас би сакал да порачам да се спречат таквите појави и да се свртиме кон целосното и доследно спроведување на рамковниот документ, а не на негово искривување. Јас ќе направам се што е во моја моќ целосно и доследно да се спроведе рамковниот документ бидејќи со тоа ние уште еднаш ќе покажеме дека во Македонија постои ефективна демократија. Се надвеам дека и покрај ваквиот предлог на Владата, пратениците од политичките партии при расправата по овој документ ќе ги потврдат определбите за она што беше договорено за време на охридските разговори.“
XS
SM
MD
LG