Достапни линкови

Потребна итна интервенција за спречувањање


Несреќите чекаат да се случат. Со овој наслов весникот Гардијан се осврнува врз глобалното затоплување и социјалните и економските последици што тоа ќе ги предизвика не само врз земјите во развој.

Соединетите Американски Држави конечно признаа дека се случува глобалното затоплување и оти за спречување на можните драматични природни катастрофи е потребна итна интервенција. Од нив не ќе може да избега ниту една земја било да е богата или во развој. Но, секако најмногу ќе бидат погодени сиромашните. По декадата конференции на Обединетите нации замислени да и стават крај на бедата и да го спасат светот, несреќите од глобалното затоплување станаа реалност во сиромашните земји и почнаа да предизвикуваат политичка и економска несигурност во оние развиените. Иако, како што пишува Гардијан, бројот на луѓето кои загинале од последиците на ваквите несреќи во изминативе три децении опаднал за половина, сепак, во рапиден пораст е бројот на оние што од нив се директно погодени – дефиниција во која се вклучени повредените и тие што останаа без своите домови. Според Светскиот извештај за природните несреќи, од 740-те милиони во седудесетите години сега директно погодени има околу две милијарди луѓе. Бројот на несреќите од илјада сто и десет за две декади пораснал на две илјади седумстотини и четирисет. Економските загуби пак достигнаа скоро 630 милијарди долари. Би било грешка доколку индустриските земји продолжат да мислат дека сето ова нема да ги зафати и нив. Бумерангот на несреќите неминовно ќе го погоди богатиот свет во многу сфери. Таканаречните бегалци од промените на животната околина е дупло поголем од оние политичките – скоро 25 милиони луѓе. Овој проблем предизвикан и поради тоа што богатите земји емитуваат гасови кои ја уништуваат озонската обвивка на Планетава-што пак доведува до ефектот на стаклена градина, најмногу ќе падне и врз нив. Покрај тоа се уште нема глобална проценка колку луѓе ќе мора да бидат дислоцирани поради, како што предвидуваат експертите, порастот од еден метар на нивото на морињата што ќе дојде како последица на затоплувањето. Поради сето ова, Гардијан заклучува дека е неопходно целосно нов начин на размислување со цел итно решавање на проблемот.
XS
SM
MD
LG