Достапни линкови

logo-print

Укинати визите за лицата од Косово


По една година колку што беше на сила МНР ја тргна одлуката за визен режим за граѓаните на Косово што беше воведена како последица на воената криза во Македонија.

Овој потег со кој лицата од Косово се ослободуваат од административна процедура при влез во земјава владата го објасни како намера да се почитува принципот на реципроцитет со сите земји кои имаат или немаат воведено визи .

„Во тие рамки СРЈ нема воведено визи, па така за нејзините државјани кои поседувата документација од светската организација, реципроцитетот ќе важи и за нив,“ - рече портпаролот на владата Горѓи Трендафилов.

Ова одлука потпретседателот на владата Џевдет Насуфи ја оцени како добар знак за односите мегу Македонија и Косово

„Тоа е само добар знак, и практично искажана волја и желба бидејќи знаете дека комуникацијата меѓу луѓето и во економски и во културен и во секој друг аспект значи интеграција во овој случај на Албанците меѓу себе, меѓутоа секако и за интеграција на Албанците и Македонците што е еден значаен и најбитниот предуслов за стабилен и мирен развој на овие простори и на Албанците и на Македонците.“

Во таа насока Насуфи ја оцени и неодмнешната средба на премиерот Гергиевски со премиерот на Албaнија Пандели Мајко и највите произлезени од неа дека ќе следува нова средба на која ќе присуствува и премиерот на Косово Реџепи.

Инаку, што се однесува за визниот режим познато е дека доколку од страна на УМНИК се воведат визи за лицата кои имаат докумнти од оваа организација тогаш и Македонија ке ја почитува таквата одлука.
XS
SM
MD
LG