Достапни линкови

Странците загрижени, владата не чула за проблеми со царината


Американските власти се загрижени за начинот на функционирање на царинската управа. Tие предупредуваат корупцијата и шверцот се длабоко навлезени во оваа државна институција. На денеска одржаната регионална конференција за развој на југоисточна европа амриканскиот амбасадор во Македонија Лоренс Батлер со констатација, дека е опасно е кога царината фаворизира само една шпедитерска компанија , кога без образложени се конфискуваат стоки и кога шлеперите со денови чекаат да го поминат граничниот премин.

„Секаде каде одам низ Макдонија деловните луѓе ми велат дека , некој од нивните стоки, пратки чекаат на граничните премини со денови, недели, а некогаш и повеќе. И ние имавме проблеми со македонските царински власти, со ослободувањето на некој наши стоки. Луѓето ми потврдуваат дека царинската управа им конфискува стоки без да им даде образложение зошто го прави тоа,“ -вели Батлер.

Според специјалниот координатор на пактот за стабилност Ерхард Бусек проблемот со македонската царина претставува регионален проблем. Посебно загрижуваат добро разработените шверцерски канали со цигари, и по таа основа од државата се одлеваат огромни финансиски средства

„Во регионот врз основа на активности на шверцување цигари и корупција во целиот регион недостасуваат една милијарда евра што би се наплатиле од даноци и акцизи при регуларна продажба на тие производи.“ – вели Бусек.

За вице премиерот Зоран Крстевски, со функционирањето на царинската управа нема проблеми, од едноставна при6ина што ниеден од деловните луѓе во Макеоднија досега не им се пожалил. Тој вели:

„Не знам за кој случај тоа го кажува. Ние немаме забелешка од некој стопански субјект.“

И додека власта сеуште не слушнала за проблеми во функционирањето на царинската управа , неофицијалните информации зборуваат дека 30% од вкупниот промет со цигари се реализира на црно , а тутунските босови преку добро разработените шверцерски канали дневно во своите каси инкасираат од 50 до 500 илјади евра.
XS
SM
MD
LG