Достапни линкови

Завршница на СП во фудбал


Четири од вкупно осумте репрезентации што го продолжија натпреварувањето во светското првенство во фудбал , Сенегал , Турција, Соендинетите Американски Држави и Јужна Кореа ,за прв пат во нивната историја ќе играат во четвртфинале на едно Светско првенство .Освен нив во четфртфиналето очекувано се пласираа и Бразил, Шпанија, Англија и Германија. Пласманот на домаќинoт Јапонија во осмина финалето исто така се вбројува меѓу изненадувањата имајќи предвид дека оваа репрезентација во претходните настапи во Светските првенства нема извојувано ниту една победа.

Елеминирањето на актуелниот светски шампион Франција, потоа третиот од последното светско првенство Хрватска , Аргенитина , Уругвај и Португалија во првиот дел од натпреварувањата само го најавија ваквиот тек на настаните и укажаа на фактот дека нема слаба репрезентација и дека секој секого може да победи . Потфрлија и африканските екипи , Нигерија и Камерун од кој се очекуваше многу повеќе , но затоа честа на црниот континент остана да ја брани дебитантот , репрезентацијата на Сенегал.

Фудбалскиот мундијал во Јапонија и Кореа ќе се памети и по огромниот број на посетители на официјалниот Интернет сајт . Според ФИФА , од почетокот досега веб страната ја посетиле над милијарда луѓе. Колку за споредба , за време на последните олимписки игри во Солт Лејк Сити веб страната ја посетили околу 350 милиони луѓе. Едноставно низ светот владее општа фудбалска треска на која не можат да и одолеат ниту политичарите. Настапите на домаќините Кореа и Јапонија не ги пропоштаат кореанскиот претседател и јапонскиот премиер. Британскиот премиер Тони Блер обелодени дека е обземен од фудбалската треска и побара одложување на самитот на Европската Унија што в петок треба да се одржи во шпанскиот град Севиља. Имено тогаш Англија игра со Бразил, натпревар кој оправдано го носи епитетот финале пред финале.

Претседателот на Соединетите Држави Џорџ Буш пред секој настап им пожелува среќа на играчите, а рускиот претседател Владимир Путин е разочаран од игрите на Русија на Светското првенство. По нередите кои се случија во Москва по поразот од Јапонија , Путин со кратка порака се обрати до селекторот Олег Романтсев: „Сакам Победа“ . Но, и тоа не помогна Русија да се пласира во вториот круг а Романтсев даде оставка .
XS
SM
MD
LG