Достапни линкови

logo-print

Ерусалим: 19 загинати и 50-тина повредени во нов самоубиствен напад


Во нов самоубиствен палестински напад во Ерусалим, денеска загинаа најмалку 17 лица, а 50-тина се повредени. Самоубиствениот напад се случи пред објавувањето на нацрт планот за мир на американскиот претседател Џорџ Буш , и два дена откако Израел започна со изградба на безбедносен зид околу Западниот Брег за да се спречи уфрлувањето на палестинските самоубијци во израелска територија .
Израелскиот премиер Ариел Шарон , го посети местото на настанот и изјави дека ќе се бори против палестинскиот терор . Ужасот што го гледаме е продолжувањето на палестинскиот терор и мораме да се бориме против него рече Шарон.

„За каква палестинска држава станува збор. Овој ужас е продолжување на палестинскиот терор,“ - изјави Шарон. Палестинската управа го осудува нападот и ги отфрлуваме израелските обвинувања за наша одговорност, изјави преставникот на палестинската власт Саеб Еракат.
XS
SM
MD
LG