Достапни линкови

Заврши состанокот на комитетот за сукцесија на СФРЈ


На денешната седница на комитетот за распределба на дипломатскиот имот што се одржува во Скопје секоја од петте земји учеснички во поделбата со нов список на барања. македонската страна ги пикирала амбасадите во Камбера, Брисел, Копенхаген и Атина. Според извори од македонскиот преговарачки тим, веројатноста да се добијат овие дипломатски конзуларни преставништва се големи со оглед на фактот што веќе се реализирани претходни консултации со останатите земји сукцесори.

Проблем ќе преставува добивањето на амбасатата во Атина, но и за тоа ќе се договориме велат извори од МНР.

Бројката од 124 дипломатски козуларни преставништва постојано се зголемува и на денешната средба се впишани нови имиња на згради, вили имоти, уметнички дела кој се добиени посебно во периодот на претседаделствувањето на Јосип Броз Тито, а кои небиле евидентирани во дипломатскиот имот.

Договорено е, доколку земјата нема намера да отвора дипломатско преставништво, а и е доделен имот во некоја од земјите истиот да може да го продаде, со што повторно би се реализирало обештетувањето.

Дека поделбата на дипломатскиот имот ќе оди полесно, во однос на финансискиот имот зборува фактот што СР Југославија е расположена да подели и дел од дипломатскио имот со кој веќе располага. Причина се големите трошоци за одржување што ги има оваа земја и долгот по таа основа од неколку десетици милиони долари.

За тоа како ќе се реализира обештетувањето на име исчезнати близу 600 милиони американски долари денеска не е разговарано. Опцијата пребивањето на земјата должник, кон останатите сукцесори да се изврши преку отстапување на дел од дипломатскиот имот и натаму не е исклучена.

Во вкупната вредност на поделба на дипломатскио тимот Македонија ќе учествува со осум насто. До сега на Македонија и е доделена само амбасадата во Париз.

При распределбата на дипломатскиот имот договорено е секоја земја сукцесор да ги повлече и уметничките слики што се наоѓаат во дипломатско конзуларните преставништва . Поделбата ќе се рализира во зависност од потеклото на авторот . Македонија ќе ги побарува делата на Коџоман, Мартиновски и Личеновски. Во тој контекст на денешната средба на комитетот присуствувала и Викторија Васиќ Димовска експерт , која ќе изврши проценка на уметничките дела.
Следниот состанок на телото на поделба на дипломатскиот имот е закажан за септември ,а средбата ќе се одржи во Белград.
XS
SM
MD
LG