Достапни линкови

Промоција на партијата на Ахмети


Времето на инциденти помина рече портпаролот на Али Ахмети Агрон Буџаку пред утрешната промоција на Демократската унија за инеграција во Тетово. Значи дека во ситуација на евентуални недоразбирања и реакции на политичките и други неистомисленици, партијата ќе ги решава со политички средсва. „Во последно време сите активности се на политички план. Не очекувам поинакви реакции,“- изјави портпаролот на Ахмети Буџаку Промоцијата на партијата утре ке биде обебезбедувана од страна на нејзините членови, а поканети се и претставници на странските амбсади во Македонија, како и на претсваниците на НАТО во Македонија но во делот на обезбедуавњето на промоцијата партијата не побара обезбедување од килибарните лицици. Од нив и од МВР се очекува дека ќе постапат како во случај на јавен собир. „Тие знаат за овој настан, па би требало да го следат“ - рече Буџаку Портпаролот на НАТО во Скопје Крег Ретклиф рече дека нема став за формирањето на партијата, а во врска со поканата на Ахмети и Нато н да присуствува на промоцијата портпаролот во Скопје Ретклиф рече:„Има многу индивидуални покани, но НАТО како институција нема да биде присутна на промоцијата.“

Во партијата на Али Ахмети рекоа дека очекуваат сите поканети дипломати и меѓународни претставници, како и интелектуалци да присуствуваат на промоцијата. А што се однесува на политичарите и нивните партии тие утре нема да бидат поканети.
XS
SM
MD
LG