Достапни линкови

Глобалниот тероризам топ тема на разговорите Буш – рау во берлин


Претседателите на Соединетите држави и Германија Џорџ Буш и Јоханес Рау во Берлин разговараа за глобалниот тероризам и блискоисточниот конфликт. Американскиот претседател Џорџ Буш ја изрази важноста од соработката со Германија и воопшто со Европа во борбата против тероризмот, додека претседателот Рау изјави дека во рамките на тие напори е важно и продолжување на дијалогот на културно и верско ниво. Една од темите на прес конференцијата со канцеларот Герхард Шредер беше и евентуалната воена операција против режимот на Садам Хусеин. Шредер изјави дека такви планови не постојат и оти се шпекулации информациите за германското учество во нешто што не е планирано. Тој рече и дека добил гаранции дека Германија ке биде консултирана доколку таква операција биде планирана. И претседателот Буш потврди дека засега не постојат конкретни планови за напад на Ирак. Тој ги повтори обвинувањата против ирачкиот режим дека можеби тајно развива оружје за масовно уништување. Буш предупреди дека ке дојде до многу опасна ситуација доколку Ирак има вакво оружје и е во партнерски односи со терористичката мрежа на Ал Каеда.„Светот ја знае мојата позиција во однос на Садам Хусеин. Тој е опасен човек и диктарор кој ги гази сопствените луѓе.“ – рече Буш.

Американскиот претседател имаше обраќање и пред пратениците на германскиот Бундестаг. Американскиот претседател во рамките на европската турнеја вечер е во Москва каде што ја започнува посетата на Руската федерација. Со претседателот Путин меѓу другото треба да биде потпишан договорот за редукција на нуклеарното оружје. Американскиот претседател во Берлин изјави и што ке му рече на Путин во врска со можниот трансфер на нуклеарна и воена технологија за Иран.„Доколку го вооружувате Иран треба да сте свесни дека оружјето може да се сврти против вас.. Таа земја не транспарентна и е водена од група екстремисти кои подржуваат терористички активности.“

Инаку во Берлин илјадници демонстранти одржаа анти-воени протести.
XS
SM
MD
LG