Достапни линкови

logo-print

Лероа:„Резолуцијата на косовскиот парламент може да го загрози мирот во Македонија“


Денешната Резолуција на Косовскиот Парламент со која се негира валидноста на договорот за границата меѓу Македонија и Југославија може да го загрози мирот во македонија , оцени во Виена специјалниот пратеник на Европската Унија за Македонија Ален Лероа.

Обраќајќи се на постојаниот Совет на ОБСЕ , Лероа укажа дека таквата резолуција не е регуларна , и сигурно ќе влијае негативно врз ситуацијата во Македонија . Исто мислење изнеле и преставниците на 55-те земји членки на ОБСЕ , во дискусијата која уследила по говорот на Лероа.

Македонскиот Амбасадор во ОБСЕ Александар Тавчиовски оцени дека со резолуцијата на косовскиот парламент постои можност од влошување на ситуацијата и со неа се „минира мировниот процес „.

Не постои опасност од создавање на Голема Албанија им изјави на новинарите Ален Лероа и објасни дека Албанците во Македонија живеат подобро одколку жителите на Косово . Никој од Албанците во Македонија не размислува за некакво спојување , бидејќи подобро живеат во сегашните услови , меѓутоа , рече тој постои желба за зачувување на контактите со нивните сонародници во Косово.

Во Македонија не постои толкава омраза како што е во Косово , туку постои соработка меѓу Албанците и Македонците . Сигурно довербата сеуште не на посакуваното ниво , но за разлика од Косово , сите жители на Македонија можат слободно да се движат по целата земја , изјави Лероа.
XS
SM
MD
LG