Достапни линкови

Потпишан договор за намалување на нуклеарното оружје во Москва


Со договорот за намалување на стратегиското нуклеарно оружје се предвидува Русија и САД до 2012 година да го намалат бројот на нуклеарните боеви глави од досегашните 6 илјади на 1700 односно 2200. Според рускиот претседател Владимир Путин договорот го означува влезот во новата ера на меѓународните односи. “Во тој дух договорот е потврда на изборот на двете земји да го редуцираат нуклеарното оружје и заеднички да работат врз неширењето на оружјето за масовно уништување. Оваа одлука покажува дека двете земји ја разбираат својата одговорност за мегународната безбедност и стратегиската стабилност.” “ - рече рускиот претседател Путин

За американскиот претседател Џорџ Буш потпишувањето на овој договор има историски предзнак и означува дека Русија и Западот веќе не се непријатели. Тој рече: “”Ова е историски и ден на надеж за Русија и Америка. Тој е историски и за светот. Претседателот Путин и јас денеска го затворивме долгиот период на конфронтација и ги отворивме новите односи меѓу двете земји.”

Американскиот претседател изјави и дека веќе е минато и долгогодишното ривалство-Нато – Русија. Двете нации ке ја продолжат соработката во војната против тероризмот и ке соработуваат блиску во однос на регионалните предизвици. К е се работи на обновата на Авганистан, на постигнување политичко речение за Чеченија, рече Буш и додаде дека двете земји се посветени на економската соработка. Во таа насока Буш ургира до американскиот конгрес да ја иземе Русија од законот за рестикција во трговијата од времето на Советската ера. Разговорите меѓу претседателите на Русија и Соединетите држави се фокуситрани и на ситуацијата во Ирак, и пред се за американската загриженост дека е можно руски компании да го подржуваат развојот на Иранското нуклеарно оружје. Тоа ке биде штетно иза самата русија, рече Буш. Русија демантираше дека му помага на тој начин на Иран.Агенциите јавуваат и за зголемените мерки за безбедност за време на одржувањето на Самитот што ке трае 3 дена.
XS
SM
MD
LG