Достапни линкови

Индија – Пакистан. Нови судири во Кашмир


Меѓу индиските и пакистанските сили по должина на контролната линија која го дели Кашмир, во текот на ноќта дошло до жестока размена на оган. Според индиското министерство за одбрана, еден војник загинал, а тројца се ранети. Според истиот извор, пакистанските сили за прв пат користеле оружје на далечинско управување. Индија и Пакистан по нападот врз индискиот парламент во декември минатата година разместија околу милион војници на границата кај Кашмир.
XS
SM
MD
LG